ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните го критикуваат трошењето пари за забава за Рамковниот договор

Граѓаните го критикуваат трошењето пари за забава за Рамковниот договор

Граѓаните со кои зборувавме го критикуваат ваквото трошење пари за забава за Рамковниот договор. Многумина живеат во сиромаштија, учениците немаат учебници, а со недостиг на материјали се соочуваат и болниците. Ова е уште една причина поради која младите се разочаруваат и заминуваат од земјава.

“Не е во ред затоа што на народот му требаат училишта, здравство, а владејачката партија троши пари за митинзи, за пејачи, за џабе. Ни треба образование, болници, условите се катастрофални во албанските училишта, а ДУИ залудно троши пари за концерти”, рече еден граѓанин.

“Тие имаат пари, можат да прават што сакаат, ние само да свириме”, рече еден друг граѓанин.

“Овие пари нека ги дадат на сиромашните, не за концерти. Не вреди, им ги полнат џебовите со пари, народот страда за леб. Што ќе правиш со 15.000 денари, јас имам 15.000 плата, на договор со дело сум, за струја давам 4.000 денари, имам други трошоци, шестмина сме дома. Можеа да им дадат на сиромашните, да јадат и да пијат, да им дадат на децата”, изјави еден граѓанин.

“За концерт 70.000 евра, а луѓето немаат леб дома, браво!”, рече еден граѓанин.

“Владите, тие што се во коалицијата, не мислат на народот, тие мислат на вакви манифестации. Наместо да отворат нешто со тие пари, тие прават бескорисни манифестации, а народот трпи, заминува од овде. Сите млади мислат да избегаат од овде, а не да останат”, додаде еден друг граѓанин./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button