ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните револтирани од сечата на дрворедите на ул. „Орце Николов“

За сечата на дрвјата на улица Орце Николов во Центар, градоначалникот на општината се правда дека дрвата воопшто немале корени. Саша Богдановиќ изјави дека 13 – те дрвја предизвикувале опасност за оние кои се движат на улицата, бидејќи можеле да паднат врз нив.

„Кога имате таква ситуација подобро е да ги отстраните, бидејќи пороен дожд или невреме или пак работа на лице место на улицата може да направите штета и некој да настрада. На истите места ќе си бидат засадени нови дрва од истиот тип, така што дрворедот ќе биде само обновен“, рече Саша Богдановиќ, градоначалник на Центар.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека улицата Орце Николов неколкупати е раскoпувана и затоа е уништено зеленилото.

„Оваа тажна слика позади мене е улицата Орце Николов која Богдановиќ и Шилегов вчера ја уништија. А, ветија дека нема да го сторат тоа. Пред точно еден месец градските власти, Шилегов и Богдановиќ, заедно со Заев, на прес конференција токму од оваа локација ветуваа реконструкција на улицата без притоа да ги информираат граѓаните дека планираат да го сечат дрворедот“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Богдановиќ вели дека улицата не е оставена без дрвја. Исечени се 13 од вкупно 171 дрво, а ќе се засаделе нови.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button