МАКЕДОНИЈА

Грковска: Дигитална лична карта основа за дигитализација на општеството

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење и претседател на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, Славица Грковска, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат нагласи дека за ефикасно и потполно спроведување на дигитализацијата во државата треба да се воведе дигитална лична карта.

„Електронската лична карта претставува основен клуч, основна алатка со помош на која можат да се користат дигиталните услуги во едно општество. Незамисливо е да зборуваме да дигитална трансформација на општеството без да ја имаме основната алатка за тоа“, вели Грковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button