ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Грковска: Најслабата алка во справуавњето со корупцијата ни е правосудниот систем

Најслабата алка во справуавњето со корупцијата ни е правосудсниот систем, очекувам исчекор од правосудството, а тоа го очекуваат и граѓаните, вели вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска.

-Секоја институција во тој систем има своја улога и тоа сум го кажала многу пати, секој од нас треба да си ја врши најодговорно и најпрофесионално својата задача и обврска што ја има во општеството. За жал, најслабата карика ни е правосудниот систем и се надевам дека конечно сите пораки што ги добиваме и од меѓународниот фактор, меѓутоа и од сите граѓани во нашата држава ќе допрат до правосудниот систем и ќе видиме драстична промена во односот и во начинот на којшто се справува правосудниот систем со борбата против корупцијата и организираниот криминал. Затоа што тоа што граѓаните сакаат да го видат е да видат правда и дека секој е еднаков пред законот. Најголемата улога во оваа смисла ја има правосудството и очекувам сериозен исчекор во таа смисла, изјави Грковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button