МАКЕДОНИЈА

Грковска – НДИ: Продолжуваме со партнерството за спроведување на реформските процеси

Северна Македонија бележи напредок во спроведувањето на сложените реформи клучни за зацврстување на демократските процеси и транспарентноста на институциите. Ова беше истакнато на денешната средба на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска со делегација на канцеларијата на Националниот демократски институт (НДИ) во Северна Македонија во состав Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ-Северна Македонија, Лидија Стојкова Зафировска, програмски директор и Насер Бислими, програмски офицер.

Како што соопшти владината прес-служба, вицепремиерката Грковска се заблагодари за долгогодишната поддршка која ја дава Националниот демократски институт на Северна Македонија, и која на средбата беше позитивно оценета, потенцирајќи дека Владата продолжува посветено да работи на спроведувањето на реформите за добро владеење.

-Грковска, во контeкст на имплементација на принципите и политиките за добро владеење истакна дека фокусот е на воспоставување партнерски однос и соработка со независните државни институции од оваа сфера. Вицепремиерката го нагласи и значењето на соработката со граѓанскиот сектор во овој процес, како и имплементирањето на процесот на дигитализацијата како основа на политиките за добро владеење, се наведува во соопштението.

Националниот демократски институт, пак, се посочува, ја потврди својата поддршка на Владата во понатамошното развивање на реформскиот процес и ги презентира резултатите од своите истражувања во оваа сфера.

На средбата обете страни ја потврдија желбата да продолжи заедничката соработка, стои во соопштението од владината прес-служба.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button