РАКОМЕТСПОРТ

Хансен, ќе ја заврши кариерата по Олимписките игри во Париз

Од следната сезона ракометот ќе биде посиромашен за еден од најдобрите играчи во историјата на спортот. Познатиот дански ракометар Микел Хансен (36) ќе ја заврши кариерата по Олимписките игри во Париз, јавува ТВ2 од Данска. Поради ваквата одлука на Хансен, неговиот сегашен клуб Алборг свика вонредна прес-конференција, на која легендарниот ракометар ќе и се обрати на јавноста.

Данската национална телевизија се обиде да стапи во контакт со Хансен, но тој не сакаше да зборува за ништо пред конференцијата, која е закажана за в среда во 12:30 часот. Хансен за данската репрезентација одигра дури 266 натпревари, постигна 1.350 голови, а како што стојат работите приказната ќе ја заврши на Олимписките игри во Париз.

Во својата кариера настапуваше за Алборг, Пари Сен Жермен, Копенхаген, Барселона и ГОГ. Три пати беше прогласуван за најдобар ракометар во светот – во 2011, 2015 и 2018 година. Освои речиси се што може да се освои во ракометот – СП, ЕП и Олимписките игри со Данска, бројни клупски титули, но не и Лигата на шампионите./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button