СПОРТФУДБАЛ

Микел Артета соопшти радосна вест за фановите на Арсенал

Фудбалерите на Арсенал влегоа во клучниот и најтешкиот дел од сезоната, а менаџерот Микел Артета соопшти радосна вест за фановите.

Дефанзивецот Јуријен Тимбер заздрави од тешката повреда на лигаментите на коленото и наскоро ќе се врати на терените. Утрешниот дуел со Лутон му доаѓа прерано, но во текот на април Тимбер ќе добие минутажа во напорен распоред.

 

„Тимбер сè уште не е фит за натпревари, но тој ќе биде наскоро и тоа е одлична вест за нас“, рече Артета.

 

Во превод, Артета ќе може да смета на сите свои играчи во текот на април, што сепак е добра вест. Инаку, Тумбер се повреди пред осум месеци, поточно во првото коло од Премиер лигата. Холандскиот бек во Лондон пристигна минатото лето за трансфер вреден 40 милиони евра.

Арсенал против Баерн Минхен ќе одигра двомеч во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а во борбата за титулата во Премиер лигата го очекуваат три дербија со Челзи, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button