СПОРТФОРМУЛА - 1

Хорнер, и натаму ќе ја извршува функцијата “шеф” на “Ред Бул”

Кристијан Хорнер и натаму ќе ја извршува функцијата “шеф на Ред Бул”, а воедно ќе ја задржи и позицијата на Извршен директор во Светската Автомобилска Асоцијација (ФИА).

Австрискиот Формула 1 тим официјално објави дека ги отфрла сите обвиненија за наводно сексуално вознемирување и недолично однесување кон своја колешка, а воедно беше изнесено дека Хорнер имал десетчасовен разговор со интерен адвокатски тим во Ред Бул.

50-годишниот Британец уште од петти февруари (откако се појавија овие информации) ги негираше сите гласини и изјавуваше дека „ништо такво се нема случено“. Медиумите во Англија пишуваат дека инцидентот веројатно се „сокрил под тепихот“, но има и такви кои го величаат Хорнер и му даваат безрезервна поддршка.

„Деталната истрага за случајот покажа дека нема доволно докази за евентуален акт за каков што зборува тужителот. Конечната одлука е дека се отфрлаат сите обвиненија против господинот Хорнер и тој продолжува да ги извршува сите функции во нашиот тим“, стои во соопштението на Ред Бул.

Хорнер веќе пристигна со својот тим во Бахреин, каде Ред Бул се подготвува за првата сезонска трка во Формула 1. Се очекува лично тој да има и свое обраќање за публиката, веднаш по завршувањето на главната трка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button