ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Илјадници барања за државјанство во фиоките на Агенцијата за безбедност

Агенцијата за национална безбедност останува главна одговорна за одолговлекување на процедурите за добивање државјанство. Од МВР велат дека без да ги добијат мислењата од АНБ не можат да дадат конечен одговор на граѓаните кои поднеле барање. Но, на прашањето дали ќе бараат одговорност од челниците на Агенцијата за непочитување на Законот за државјанство, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговорноста ја префрли кон Владата, како надлежна за АНБ.

“Но, од Владата молчат. На прашањето дали ќе барата одговорност од Агенцијата за непочитување на Законот за државјанство и колку претставки од граѓани и институции пристигнале за АНБ, веќе четири дена од Владата не одговараат”, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

– Ќе барате ли одговорност од Агенцијата за безбедност за непочитување на Законот за државјанство?

– Колку претставки имате добиено од граѓани и други институции против АНБ?

Додека Владата и другите институции молчат, официјалните податоци кои неделава ги објави МВР, зборуваат дека во моментов АНБ држи во фиока 2.657 барања за државјанство, за кои до МВР треба да даде само позитивна или негативна оценка. Од нив, 1.247 барања биле поднесени минатата година.

Вкупно 2.657 барања за државјанство

1.247 поднесени во текот на 2021 година

Иако според член 7 од Законот за државјанство, АНБ мора да даде мислење во рок од шест месеци, според информациите на Алсат, најголем дел од горенаведените барања се поднесени во период подолг од шест месеци.

Во август минатата година стапи во сила новиот Закон за државјанство, кој им овозможува на граѓаните кои живееле во Македонија и пред 1991 година да можат да го докажат своето државјанство само со еден документ. Според официјалните податоци, од август 2021 година до јануари годинава, до МВР биле поднесени околу 360 барања за државјанство и тие се во постапка. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button