ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Иновации за гаснење пожари

Иновации за гаснење пожари

Додека во Македонија пожари сè уште се гаснат со стара опрема и дотрајани возила некои стари и по 60 години, во Европа се користат сè посовремени методи. Како опрема се вклучуваат беспилотни летала, разни сензори и камери. Ваквата опрема италијански компании ја презентираа и во Охрид.

„Почнавме со користење на напредна технологија, со поставување на сензори на дрвјата. Овие сензори може веднаш да вклучат аларм доколку се случува нешто невообичаено…“, рече Тон-Џовани Алесио, Раководител на проектот.

„Со нашите дронови кои се поставени во една кутија, може да интервенираме при шумските пожари и општо, како би спречиле пожар. Во моменти кога ќе добиеме известување од сензорот дека има некаква опасност, веднаш можеме да го стартуваме дронот за да им јави на локалните власти и да видиме каде е опасноста и како може да се спречи…“, додаде Фабио Дематејс, Компанија за дронови, Италија.

Италијанските претприемачи велат дека ваквата опрема воопшто не е скапа и секоја држава може да си ја дозволи. На многу места низ Италија и Грција ваквиот начин веќе дава резултати.

„Прво може да помогнеме со дрон-набљудувач, односно тој дрон може да лета и да прави обиколка над областите. Така што би можело да се спречи веднаш доколку се појави некаква опасност. Вториот начин е што дронот може да покрие многу голема територија од 49 квадратни километри и веднаш може да интервенира и да јави за потенцијална опасност“, нагласи Фабио Дематејс, Компанија за дронови, Италија.

Според едно истражување на Центарот за граѓански комуникации, 70% од вкупно 2019 противпожарни возила во земјава се од минатиот век. Најстарите се од 1966 година./Alsat.mk

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button