ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Инспекциски надзор: Утврдени неправилности на Клиника за пулмологија

Инспекциски надзор: Утврдени неправилности на Клиника за пулмологија

Продолжува вонредната инспекција во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, и се појавуваат нови детали за злоупотреби на дел од клиниките. Алсат дознава дека директорот на пулмологија Дејан Докиќ е пред разрешување од раководната функција. Според неофицијални информации, во периодот на пандемијата на Клиниката за пулмологија се констатирани бројни неправилности. Според извори на Алсат, постојат индиции за можна злоупотреба на донациите во последните две години. Докиќ беше координатор на центрите за ковид, во периодот кога министер за здравство беше Венко Филипче. Од Министерството за здравство не соопштуваат детали, но ниту потврдуваат, ниту демантираат дека биле утврдени неправилности.

„Вонредниот инспекциски надзор продолжува и во сите останати клиники. Досега во две клиники не се констатирани неправилности, додека за три други клиники побаравме дополнителни информации За две има очигледни индиции кои би можеле да доведат до разрешување на раководството на овие клиники“, велат од Фонд за здравствено осигурување.

Според извори на Алсат, побарани се дополнителни информации за Инфективната клиника каде во периодот на пандемијата се констатирани злоупотреби за земање годишен одмор и боледување. Доколку се потврдат овие наводи, може да се рзниша позицијата на актуелното раководство.

„Она што можеме да го потврдиме е дека од извештајот на ревизорот досега не е констатиран пропуст на Клиниката за кардиологија, но не се констатирани неправилности ниту на Клиниката за ендокринологија„, велат од Министерство за здравство.

Официјално засега се сменија тројца директори по барање на Министерот за здравство.. Директорот на онкологија Нино Васев, директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова и организацискиот директор на Педијатрија Алајдин Мемеди. Мемеди рече дека решението за смена ќе го обжали до Управниот суд – тој вели дека коефициентот на плата го зголемил претходниот директор, а тој го продолжил истото за 9 месеци додека ја извршувал оваа функција. За комплетирање на мозаикот остануваат финалните извештаи на 10 од 12 клиники./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button