ВЕСТИРЕГИОН

Интерпол активираше жолт аларм за Данка Илиќ

Меѓународната полициска организација Интерпол на својата интернет страница објави дека активирала жолт аларм за Данка Илиќ која исчезна пред шест дена во околината на градот Бор во источна Србија. Овој аларм се вклучува за исчезнати лица и претставува глобално полициско предупредување за најблиските на исчезнатото лице, за киднапирања или пак за исчезнувања од необјаснети околности.

Додека српската полиција, спасувачи и доброволци веќе шести ден трагаат по Илиќ во околината каде што таа била за последен пат видена, утринава беше објавена видеоснимка за која се вели дека постои сомнеж дека на неа е токму исчезнатото девојче во придржуба на две жени од Романија во главниот град на Австрија, Виена. Засега нема потврда за автентичноста на снимката или пак за тоа дали на неа навистина е исчезнатата Данка Илиќ.

Српската полиција ги проверува снимките, а според српските медиуми, во текот на ноќта за постоењето на оваа снимка биле известени и Европол и австриската полиција.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button