ВЕСТИСВЕТ

Опозицијата прогласи историска победа против Ердоган на локалните избори во Турција

Главната опозициска партија во Турција прогласи победа во двата најголеми град Истанбул и Анкара на локалните избори што вчера се оддржаа во земјата, јавуваат светските медиуми.

Актуелниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој првиот градоначалнчки мандат го освои во 2019 година, постигна втора победа со неговата секуларна опозициска партија ЦХП (Републиканска народна партија).

Резултатите од локалните избори, како што објави Би-би-си, претставуваат значаен удар за владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој се надеваше дека ја врати контролата врз овој град за помалку од една година откако го обезбеди третиот мандат за шеф на државата.

Тој лично ја водеше кампањата за изборите во Истанбул, каде што порасна и го почна својот политички пробив токму како градоначалник на овој град.

Ердоган вети нова ера Истанбул, градот со речиси 16 милиони жители, но актуелниот градоначалник е на пат да освои повеќе од 50 отсто од гласовите или над 10 поени пред кандидатот на АКП.

Ова е, исто така, прв пат, откако дојде на власт пред 21 година, партијата на Ердоган да биде поразена на гласачките места низ целата земја.

Во главниот град на Турција, Анкара, кандидатот на опозициската Републиканска народна партија, Мансур Јавас, исто така, е далеку пред својот противкандидат со освоени 59 отсто од гласовите, според првичните резултати. Тој погласи победа уште додека беа препбројани помалку од полиовина од гласовите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button