ВЕСТИСВЕТ

Исчезнатите шестемина работници по уривањето на мостот во Балтимор се претпоставува дека се мртви

Полицијата на државата Мериленд утрово соопшти дека шесте лица кои се водат за исчезнати по уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ откако голем товарен брод удрил во еден од неговите носечки столбови се претпоставува дека се мртви, пренесува Си-ен-ен.

Властите соопштија дека осум градежни работници по рушењето на мостот паднале во реката Патапско. Две лица биле спасени вчера, но останатите шест се претпоставува дека се мртви, со оглед на длабочината на водата и времетраењето на нивната потрага.

Надлежните посочиле дека потрагата со тим на нуркачи ќе продолжи и во текот на денешниот ден.

Белата куќа соопштила дека претседателот Џо Бајден разговарал со федерални, државни и локални претставници со цел да се најдат причините за уривање на мостот. Тој ветил дека американската федерална влада ќе ги плати сите трошоци за обнова на мостот во Балтимор, кој исто така ја запре активноста на големото пристаниште за земјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button