МАКЕДОНИЈА

Исмаили за „27 април“: Малку фалеше да се уништи државата

Поранешниот пратеник на ДУИ, Реџаил Исмаили, во вечерашното гостување во „Емисија 200“, коментирајќи ги случувањата во Собранието од 27 април 2017 година, рече дека таа ноќ фалело многу малку за да се се дојде до сериозна опасност од уништување на државата.

„Сите оние кои влегоа во парламентот на 27 април 2017 година непоканети, го нападнаа законодавниот дом, го нарушија уставниот поредок и го доведоа во прашање постоењето на државата. Можеби бевме многу малку луѓе кои размислуваа во тие моменти за иднината на оваа држава, јас зборувам за тие што бевме внатре. Сите оние што славеа или слават такво нешто мислам дека не се во право, туку напротив, тие многу грешат. Затоа што таа вечер требаше многу малку да се уништи оваа држава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button