ВЕСТИСВЕТ

Истражување – Маорите го откриле Антарктикот најмалку 1.000 години пред Европејците!?

Според она што е досега официјално познато, откривањето на Антарктикот се случило во 1820 година, од страна на руска експедиција, додека првото стапнување на тлото му се припишува на американски истражувач во 1821 година.

Но, сега, нов труд на истражувачи од Нов Зеланд сугерира дека Маорите, домородното население од Нов Зеланд, имаат значително подолга историска поврзаност со најјужниот континент на Земјата, пренесува енаука.

Истражувачкиот тим, предводен од биологот за заштита на природата, Присила Вехи од „Манааки Когау Ландкер Рисрч“, истражувала усмени  преданија и стории, но и записи од истражувања, извештаи, технички документи и друг материјали објавени од организации надвор од заедничките академски или комерцијални канали.

„Откривме дека врската со Антарктикот и неговите води се случувале со векови пред почетоците на евидентираните истражувања“, вели таа.

Истражувачите најпрво го истакнале јужното патување на почетокот на 7 век од страна на полинезискиот началник Хуи Те Рангиора и неговиот екипаж. Ова веројатно биле првите луѓе што ги виделе водите на Антарктикот, повеќе од илјада години пред руската експедиција, па дури и многу пред планираната миграција на Полинезиските доселеници на Нов Зеланд.

“Во некои документи се тврди дека Хуи Те Рангиора и неговиот екипаж заминале на далечен пат на југ. Со тоа, тие веројатно биле првите луѓе што ги виделе водите на Антарктикот, а можеби континентот”, пишува тимот во нивниот труд.

„Патувањето и враќањето на Хуи Те Рангиора се дел од историјата на народот Нгасти Руруа и многу мотиви од овие преданија се појавуваат во голем број резби и фолклорни мотиви.

Но, патувањето на Хуи Те Рангиора дефинитивно не било последен пат кога Маори и нивните предци патувале на Антарктикот. Те Ату, бил првиот Маори и првиот Нов Зеландец кој го видел брегот на Антарктикот во 1840 година, како дел од експедицијата на САД.

Маорите исто така биле дел од истражувањата на Антарктикот кон крајот на 19-ти и раниот 20-ти век, помагајќи им на европските истражувачи на нивните патувања.

„Учеството на Маорите во патувањето и експедицијата на Антарктикот продолжи до денес, но ретко се признава или истакнува“, пишуваат истражувачите.

Истражувањето е објавено во Journal of the Royal Society of New Zealand.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button