ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истражување – Жените возат побезбедно од мажите

Истражувањата покажуваат дека жените возат побезбедно од мажите. Според податоците на Светската здравствена организација 77 отсто од сообраќајните несреќи со фатални последици се предизвикани од возачи мажи, а само 23 отсто од возачи жени, соопшти Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Додаде дека брзото и агресивно однесување во сообраќајот не е својствено за жените кои управуваат возила.

-Жените помалку возат без возачка дозвола, помалку возат под дејство на алкохол, односно тие повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Ако дефанзивното возење се карактеризира како „женско возење“, ако почитувањето на правилата на ограничување на брзината се карактеризира како такво возење, ако почитувањето на пешаците и велосипедистите во сообраќајот е исто така „женско возење“, тогаш ајде сите да возиме така, бидејќи е побезбедно и посигурно, смета Манчев.

Посочува дека секоја поделба на возачите на мажи и жени се прави исклучиво за статистички и научни цели, но индивидуални позитивни и негативни примери има незвисно од кој пол е возачот.

По повод Денот на жената, Осми март, РСБСП ја изрази својата поддршка за рамноправно учество на жените во сообраќајот и како еден вид борба против стереотипите дека жените се лоши возачи.

По повод утрешниот празник Советот, заедно со Отсекот за превенција при СВР Струмица и Црвен крст Струмица, организираше акција под мотото „Жените возат одговорно, биди горда што си жена и што си безбеден возач“, а на жените возачи им беа делени флаери и каранфали со совети за безбедно возење.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button