СПОРТ

Италија, по 53 години, ја освои втората европска титула

Италијанската репрезентација предводена од Роберто Манчини е европски шампион по втор пат во историјата на фудбалот. Пенал рулетот беше среќен за Италија, благодарение на голманот Донарума, кој ги одбрани последните два пенали на Санчо и Сака. Поддршката на навивачите на „Вембли“ им помогна на домашните фудбалери кои го постигнаа најбрзиот гол во финалето на Европското првенство, преку Лук Шо и тоа за 122 секунди. Но, Леонардо Бонучи израмни на 1-1 во 67-та минута и ја врати Италија во серијата од 33 натпревари без пораз. Инаку, трите замени на Англија, Рашфорд, Санчо и Сака, промашија пенали.

„Моите играчи беа неверојатни, немам зборови за нив, ова е одличен тим. Овој натпревар беше многу тежок, особено по раниот гол кој го претрпевме, но од моментот на голот започнавме да доминираме, и на крајот да победиме, треба да имате малку среќа во пеналите и жалам за Англија- тие исто така имаа одличен турнир. Ваков успех беше невозможно да се замисли пред некое време, но момците го постигнаа тоа, едноставно беа фантастични“, рече Роберто Манчини, селектор на Италија.

По натпреварот, УЕФА ги избра најдобрите играчи на турнирот. Титулата играч на турнирот му припадна на италијанскиот голман Џиџи Донарума, додека играч на финалниот натпревар беше Леонардо Бонучи. Не само постигнатиот гол, туку Бонучи беше во одлична форма и во одбранбената зона, спречувајќи неколку опасни акции на Англичаните.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button