ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За неколку дена ќе започнат уписите на ученици во средните училишта во земјава

Полуматурантите имаат на располагање уште неколку дена да одлучат каде ќе го продолжат своето средно образование. Средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ има предвидено 18 паралелки, од кои 6 на албански јазик. Според раководителите на училиштето, има многу компании кои бараат стручен кадар од ова Училиште, вклучително од сите насоки.

„Нашето училиште нуди неколку професионални насоки како што се архитектура, конструкција, геодезија и дизајн на внатрешна архитектура кои се дефицитарни насоки, а кои се многу актуелни и се бараат на пазарот. Учениците кои дипломираат од ова училиште имаат големи предности. Ако сакаат да завршат средно училиште и да се вработат, тие имаат големи можности затоа што различни компании имаат побарувања и нудат работни места, особено во градежништвото, но и во други профили“.

Барда Салиу, ученик на ова училиште веќе ја завршува втората година во насока Технички дизајнер за внатрешна архитектура. Таа рече дека стручното образование е најлесната можност за вработување на младите.

„Соништата на секој ученик се многу големи, јас отсекогаш сакав да станам дизајнер на ентериер, да дизајнирам внатрешни простории. Ако сонуваат да станат добар дизајнер, препорачувам да дојдете тука и да ја следиш иднината во нашето училиште, условите се многу добри, а и професорите се многу добри “.

Исто така, 200 ученици кои ќе се запишат во ова училиште и кои се со одличен успех, ќе добијат стипендија за девет месеци во износ од 2.200 денари. Првиот рок за запишување во средните училишта ќе се реализира на 14, 15, 16 и 17 јуни.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button