ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозициските Алијанса за Албанците и Алтернатива ги обвинуваат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ дека преку Левица се обидуваат да го блокираат Законот за државјанство

Опозицијата од редовите на Албанците ги обвини партиите од македонскиот политички блок дека ја користат Левица за блокирање на Законот за државјанство. Алијанса за Албанците и Алтернатива сметаат дека треба да се анализира состојбата создадена во Собрание и да се изгради нова позиција за понатамошни активности.

„Големите политички субјекти, не сакајќи да преземат одговорност за блокирање на Законот, користат методи и преку мал субјект, кој со фашистички методи се обидува да блокира Закон што е во служба на граѓаните. Ќе се консултираме како пратеничка група и одговорноста нема да биде само на оние што блокираат, туку и за причините за блокадата. Тие мора да ја кажат вистината, што им пречи од овој Закон.

Премиерот Зоран Заев гарантира дека ќе се најдат начини да се донесе Законот. Според него, Левица се натпреварува со ВМРО ДПМНЕ кој најмногу ќе блокира. Тој рече дека резултатот од овие активности ќе се одрази на локалните избори.

Левица мотивот за блокадата го наоѓа во содржината на текстот на Законот. Според нив, предлогот нема правна логика и неговото усвојување ја нарушува врската држава – граѓанин.

Предлог законот за државјанство остана во фаза на разгледување на амандмани. Постапката е блокирана од опозициските партии од македонскиот блок кои одолговлекуваат со маратонски процедурални говори. Предложени се 10 амандмани за дополнување на текстот на Законот. Опозицијата од редовите на Албанците не ја негира можноста во случај да не биде одобрен Законот, да се врати со блокада на Собранието преку илјадници амандмани.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button