СВЕТ

Италија пресече – Забранет влез во училница за невакцинирани наставници

Италијанската влада одлучи дека наставниците мора да имаат доказ дека се имунизирани против  „Ковид-19“ пред да се вратат во училниците, а направена е и таканаречена зелена карта, која е задолжителна за патниците во возовите, авионите, бродовите и меѓуградските автобуси.

Наставниците нема да можат да работат без сертификат, а по пет дена отсуство нема да добијат плата.

Станува збор за дигитален или хартиен сертификат што докажува дека некој примил барем една доза од вакцината, дека бил негативен или дека неодамна прележал ковид, објави Ројтерс.

Владата во Рим веќе донесе декрет дека од утре, пропусницата ќе биде задолжителна за сите што сакаат да влезат во ресторан, како и да користат услуги или спортски активности.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button