ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изменет режим на сообраќај утре во Скопје

Централна прослава „30 години независност” ќе се одржи утре во Скопје и почнувајќи од 11 часот до завршување на настанот затворени за сообраќај ќе бидат бул. „Кочо Рацин” на потегот од крстосницата со бул.„Кузман Јосифовски Питу” до ул.„Кирил и Методиј”, ул.„11-ти Октомври” на потегот од ул.„Крушевска Република” до ул.„Димитрие Чуповски”, ул.„Филип Втори” на потегот од бул.„Гоце Делчев” до ул.„11–ти Октомври”, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Затворени за сообраќај од 11 часот до завршување на настанот ќе бидат и Кеј „13–ти Ноември” на потегот од ул.„Филип Втори” до бул.„Кочо Рацин”, ул.„Мирче Ацев” на потегот од ул.„Филип Втори “до бул.„Кочо Рацин”, ул.„Димитрија Чуповски” на потегот од порта Македонија до бул.„Климент Охридски” и ул.„Даме Груев” од крстосницата со ул.„Македонија” до ул.„11-ти Октомври”.

Согласно наведеното, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот, стои во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button