СВЕТ

Израел повторно воведува задолжителни маски во затворено

Израелското Министерство за здравство повторно ја воведе обврската за носење заштитни маски во затворен простор почнувајќи од петок на 25 јуни напладне по локално време, по неодамнешното зголемување на инфекциите со корона вирусот кои се припишуваат на делта соевите.

Како што е наведено, исто така се препорачува да се носат маски на јавни настани на отворено, како што ќе биде парадата на ЛГБТ заедницата којашто овој викенд ќе се одржи низ земјата.

Во Израел, повеќе од половина од околу девет жители примиле две дози вакцина, наведува Франс Прес.

Д-р Нахман Еш денеска изјави дека во Израел имало нагло зголемување на инфекции. Вo текот на вчерашниот ден биле дијагностицирани 227 нови случаи, што е највисок број по повеќе од два месецa.

Сепак, тој не верува дека земјата влегува во четвртиот голем бран на епидемијата и се надева дека големиот број вакцинирани лица ќе спречат хоспитализација и посериозни болести. Во овој момент, бројот на сериозно заболени лица е сè уште мал.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button