МАКЕДОНИЈА

Јанакиески бара полиграф за него и Нинџа

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите за организирање на насилните настани на 27 април 2017 во Собранието, бара да сведочи пред полиграф за да ја увери јавноста дека не е виновен на „крвавиот четврток“.

Јанакиески денеска пред Судот рече дека на тој начин ќе покаже дека е лажно сведочењето на сведокот Александар Василевски -Нинџа со кое го посочува Јанакиески е организатори и дека дава насоки кој луѓе да влезат во Собранието. Поранешниот министер вели дека е подготвен паралелно да сведочи пред полиграф со Василевски за да се види кој ја кажува вистината.

Јанакиески вели дека е чист и дека со ништо не придонел да се случат немилите настани во собранието на 27 април.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button