ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Јовановиќ: Неоправдано е владина помош за минималецот за компании со високи добивки

Владата би требало да им помага само на компании коишто немаат можност да ја исплатат минималната плата, но не и на оние коишто можат самите тоа да го поднесат, вели во своето вечерашно вклучување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, економскиот експерт Бранимир Јовановиќ.

„Државата не треба да помага фирми коишто можат сами да ја покачат минималната плата и фирми кои остваруваат големи добивки. На пример, ако имате голема фабрика којашто вработува 5.000 луѓе, од кои 90% се на минимална плата, а таа фабрика остварува милионска добивка, зошто државата да ја помага, таа може и самата да ги зголеми платите. Нема никакво оправдување“, вели Јовановиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button