МАКЕДОНИЈА
Кастриот Реџепи кажа дали би преминал во ДУИ
Пратеникот Кастриот Реџепи денеска пред медиумите рече дека не може да помине во ДУИ додека е член на Движењето БЕСА.
„Не може да одам во ДУИ додека сум член на Движењето БЕСА“, рече тој.
„Сакам да разговараме за партиски прашања во партиските тела, а не да се прикажувам преку медиумите. Тука сум да произведувам конкретни дела, а не да се занимаваме меѓу себе. Овој чин сакам да го појаснам на партискиот форум“, додаде Реџепи