ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кичеец останува во затвор, одлучи Кривичниот суд

Осуденикот во случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец нема порано да излезе од струшкиот затвор. Кривичниот суд го одби неговото барање за условен отпуст. По неговото барање заседаваше тричлен кривичен совет во петокот, а тоа го темелеше на веќе одлежана една третина од казната за случајот „Рекет“, конкретно, откако помина една година зад решетки.

„Постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга – Отворено одделение, за условен отпуст на З.М. правосилно осуден во предметот на овој суд со КОК бр. 131/19 во јавноста познат како „Рекет“, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по одржана седница на совет на 12.11.2021, донесе решение со кое предлогот се одбива“, соопштија од Кривичниот суд.

На ваквата одлука, Кичеец може да понесе жалба. Одлуката на повискиот, Апелациониот суд ќе биде конечна за тоа дали тој ќе може порано да излезе од затвор.

Кичеец доби три години затвор во случајот „Рекет“, откако призна вина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button