ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кавги на судењето за случајот „Ласкарци“

Во тензична атмосфера и по повеќе од 1 година чекање пред судот беше изнесено супер-вештачењето за трагичната несреќа кај Ласкарци. Според податоците, до несреќата дошло поради тоа што во автобусот не бил вклучен системот за сопирање. Според оштетените, возачот на автобусот Маноил Трифуновски е единствениот виновник и оти ќе бидат ослободени останатите пет обвинети.

Обвинителот Дарко Јакимовски, преку прашања го доведе под сомнение кредибилитетот и професионалноста на вештаците за автобуска механика. Тој тврди дека тие селективно ги користеле податоците од претходните вештачења.

Обвинувањата на оштетената страна отидоа и чекор подалеку, Благојче Трпевски, кој во оваа трагедија го загуби синот, се сомнева дека вештачењето воопшто и не го направиле овие експерти, туку било нарачано за да се спасат виновниците.

Прашањата на обвинителот не ѝ се допаднаа на одбраната на обвинетите, која интервенираше секогаш кога обвинителот Дарко Јакимовски, му поставуваше прашања на шефот на експертската група, Зекирија Зекири. Тие, за разлика од оштетената страна, делуваа задоволни од наодите на супер-вештачењето.
Дури и адвокатот на обвинетите Сашко Дуковски, ги пофали вештаците. Рече дека се доктори на науки и кредибилни луѓе, додавајќи дека за нивната професионалност говори нивниот академски статус. Според него, за несреќата треба да одговара само возачот на автобусот.

Трагичната несреќа во која животот го загубија 16 лица, а 37 беа повредени се случи во февруари 2019 година. Покрај возачот, обвинети се и сопственикот на фирмата Дурмо Турс, Дурмиш Бељули, одговорниот за превоз во претпријатието, Ремзи Мифтари и тројца вработени во станицата за технички преглед.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button