МАКЕДОНИЈА

Ќе се бара решение за нивото на Преспанското езеро

Министрите за екологија на Македонија, Албанија и Грција одржаа состанок за прашањето како да се заштити нивото на водата во Преспанското езеро. Ова беше прв ваков состанок, откако трилатералниот договор „Преспа парк“ потпишан во 2010 година, лани стапи во сила. Трите земји треба да направат заедничка студија, мониторинг систем, зајакнување на капацитетите и развој на еко-туризмот. Тројцата министри, како што соопштија од нашето Министерство за екологија, се согласиле брзо да се свикаат работните тела за да се разговара за клучните прашања. Евроамбасадорот Дејвид Гир најави програма на ЕУ за Преспа во вредност од 18 милиони евра за делот на Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button