ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе се казнува злоупотреба на апликацијата за пописот

Пристапот до апликацијата наменета за попишување на дијаспората е оневозможен да се користи од земјава, но граѓани тврдат дека успеале да се регистрираат, иако се наоѓаат на територијата на  Македонија.

Од Државниот завод за статистика велат дека секое нарушување е казниво со Законот за попис. Тие појаснуваат дека внесувањето податоци преку ВПН или прикриена ИП-адреса, односно самото користење таква алатка за внес на податоци во пописот, се смета за спротивно на Законот за попис и методологијата за подготовка, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button