ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќе се намалат цените за паркирање во „Градски паркинг“

За 10 денари ќе се намалат цените за паркирање на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ во Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска доставила допис до раководството на претпријатието да се изготви нов ценовник со намалување за 25 отсто на цените за паркирање. Како што стои во дописот, намалувањето на цените е како резултат на изборната програма на градоначалничката во која вети поевтин паркинг.

Директорот на ЈП „Градски паркинг“ Борче Јакимовски вели дека дал налог на службите да изготват нов ценовник и до крајот на неделава ќе биде закажана седница на Управниот одбор, на која треба да биде усвоен новиот ценовник.

„Потоа, на наредната седница на Советот на Град Скопје новиот ценовник ќе биде ставен на дневен ред за усвојување. За да биде заокружена цената ќе предложиме намалување за 10 денари на паркирањето односно за затворените паркинзи и во катните гаражи наместо 30 да биде 20 денари. На зонските паркинзи во зона А од 50 денари паркирањето ќе се намали на 40, во зона Б од 40 на зо денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе биде 20 денари наместо 30 како што е досега“, вели директорот Јакимовски.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button