ВЕСТИРЕГИОН

КФОР распореди свои единици во Јариње и Брњак

Првите возила на припадниците на КФОР пристигнаа на позициите на специјалната полиција Росу во Јариње, пренесе агенцијата „Спутник“.

Како што стои во текстот, војниците на КФОР патролираат по Јариње и околината со патроли од по 20 војници. Повеќето од нив се припадници на полскиот контингент.
На административниот премин Брњак, ослободена е една сообраќајна лента од правецот Зубин Поток.

Мисијата на КФОР објави дека започнала со чекори за поддршка на имплементацијата на најновиот договор за деескалација на северот на Косово, постигнат меѓу Приштина и Белград, во рамките на дијалогот овозможен од Европската Унија.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button