ВЕСТИСВЕТ

Кинески град со девет милиони жители оди во карантин!

Поради скокот на бројот на заразени со ковид-19, кинеските власти денеска воведоа карантин во североисточниот индустриски град Шенјанг, со девет милиони жители.

Кина се соочува со најголемо ширење на епидемијата од 2020 година, што ја доведува во прашање нејзината стратегија за нулта толеранција на заразени.

Градските власти во Шенјанг, во кој се сместени бројни фабрики, меѓу кои и германскиот производител на автомобили „БМВ“, им наредија на жителите да останат во своите домови.

Шенјанг е главен град на провинцијата Лиаонинг, која се граничи со провинцијата Џилин, каде што е епицентарот на сегашниот бран епидемии, предизвикан од сојот омикрон.

Кинеското Министерство за здравство денеска објави податоци за 4 770 нови случаи на заразени во целата земја. Тој број е низок во споредба со другите земји во светот, но е висок за Кина и нејзината стратегија за нулта толеранција на заразени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button