СПОРТФУДБАЛ

Клубовите од Премиер Лигата, “ЗА” полуавтоматски офсајд од следната сезона

Клубовите од Премиер Лигата на состанокот во Лондон се договорија да воведат полуавтоматски офсајд од следната сезона „Технологијата ќе обезбеди побрзо и поконзистентно поставување на виртуелната офсајд линија, заснована на оптичко следење на играчите и ќе произведе висококвалитетна графика за емитување за да обезбеди подобрено искуство на стадионот и емитување за навивачите“, соопштија од Премиер лигата.

Полуавтоматскиот офсајд ќе го елиминира долгото чекање за проценка на ВАР со повлекување линија преку екранот, што постојано предизвикува критики поради неговата неточност.

Технологијата нема да биде достапна на секој стадион од почетокот на сезоната. Очекувањата се дека секаде во употреба ќе биде до првата меѓународна пауза во октомври.

Полуавтоматската офсајд технологија за прв пат беше користена на Светското првенство во 2022 година, УЕФА ја користи за нокаут фазата во Лигата на шампионите, а беше користена и на почетокот на годината на Купот на Азија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button