ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Колони возила за влез во Косово

Одлуката што Владата на Косово ја донесе пред еден месец, денеска стапува на сила. Од денеска, 3 јануари, сите граѓани кои сакаат да го посетат Косово мора да го исполнат условот за КОВИД-19, односно да се вакцинирани со две дози против Ковид-19, во спротивно нивната посета на Република Косово е невозможна.

Командантот на граничниот премин „Блаце“, Бесим Асани, рече дека граѓаните не се доволно информирани, па има и такви кои стигнуваат до границата, но мора да се вратат бидејќи не ги исполнуваат условите за влез во Косово.

„Исклучок од оваа одлука ќе имаат деца под 12 години и странски лица кои транзитираат во Република Косово. Граѓаните не се доволно информирани и секојдневно имаме проблеми со нивното информирање. Се интересираат, се информираат телефонски. Има граѓани кои за жал доаѓаат овде и се враќаат од косовската полиција, бидејќи не ги исполнуваат условите да влезат таму“, вели командирот Асани.
Граѓаните што ги анкетиравме, беа главно вакцинирани.

„Одиме во посета во Косово. Имаме две дози од вакцината, кога ќе се вратиме во Германија ќе ја земеме и третата“, вели еден патник.

– Кој услов го исполнувате? Дали имате тест или вакцина?

„Да, благодарам за гостопримството што ни го приредувате, чекам еден час. Сигурно дека сме…, со три дози и тоа“, велат патниците.

Во меѓувреме, Македонија има помеки мерки во однос на Косово. За влез во Македонија е доволен ПЦР тест, брз антигенски тест, потврда дека сте прележале Ковид-19, или потврдата за вакцинација.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button