ВЕСТИЗДРАВСТВО

Комисијата за заразни болести предложи прогласување епидемија во Скопје

Комисијата за заштита од заразни болести препорача до министерот за здравство прогласување епидемија на голема кашлица за град Скопје. Како што истакна  претседателот на Комисијата, д-р Александар Петличковски, меѓу препораките се вбројуваат и забрана за прием на невакцинирани деца во градинките, како и двосменска работа на вакциналните пунктови.

„Клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини кои се пропуштени во изминатиот период. Затоа ќе ги повикуваме сите кои ја пропуштиле вакцинацијата предвидена со редовниот календар, ќе предложиме работата на вакциналните пунктови да се организира во две смени…препорачуваме забрана за прием на невакцинирани деца во градинките“, рече Петличковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button