ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кончено судска разврска за случајот „Јавна соба“

Заврши судењето за обвинетите автори на „Јавна соба“ на „Телеграм“ на која се споделуваа сексистички содржини. Обвинителот Владимир Милошески во завршниот збор наведе дека флагрантно се прекршени човековите права, особено правото на детето со споделување на детска порнографија.

„Двајцата воедно дозволиле ваков материјал (детска порнографија) да се споделува и притоа да не го избришат, ниту да го забранат во натамошното членство во групата на лицето коешто овој материјал го споделило со останатите“, рече Милошевски.

Адвокатот на Дарко Костовски, Петро Јанура, пред судот кажа дека тој всушност бил херој, бидејќи ја избришал групата „Јавна соба“ од „Телеграм“. Побара неговиот килент да биде ослободен, зашто страда оти бил искрен и чесен.

„Тоа се млади луѓе од типични македонски семејства, средно – просечни, учени да не крадат, да не лажат, да соработуваат со полицијата, да прават општествено добро“, рече адвокатот Јанура.

Адвокатката на второобвинетиот, Михаил Паневски, Иванка Јакимовска, во завршниот збор кажа дека никој од истражаните органи не открил кој во групата „Јавна соба“ споделувал снимки со детска порнографија и затоа Паневски не сторил кривично дело.

„Почеток и крај на наводното кривично дело – производство и дистрибуција на детска порнографија е оној момент кога била прикачена инкриминирачката содржина од страна на членот на групата затоа што токму тој, а тоа е НН (непознато) лице ја направил достапна детската порнографија. Сѐ останато, секое наредно и дополнително преземено дејствие после настанување на последицата содржана во законскиот опис на кривичното дело од аспект на кривично правна теорија не е и не може да биде кривично дело“, рече Иванка Јакимовска, адвокатка на Михаил Паневски.

Пресудата за нив ќе биде објавена на 11 март. Во групата „Јавна соба“ членуваа повеќе од 600 корисници на „Телеграм“. Се размениле илјадници експлицитни снимки.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button