ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Контингент од 500 000 кинески вакцини се очекуваат во следните седум дена, вели Филипче

Министерството за здравство сѐ уште нема конкретна информација кога би можело да се очекува пристигнувањето на најавените вакцини од Фајзер, обезбедени преку Ковакс системот, не точна најава нема ниту за руските пратки. Информацијата денеска ја сподели со јавноста министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој, во текот на вчерашниот ден добиле информација за вакцините коишто треба да пристигнат од Кина.

„Вчера ни беше најавено од страна на амбасадата на Народна Република Кина дека во следните 7 дена треба да ги очекуваме и 500 000 дози на Синовак“, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button