ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Корупцијата ги брка младите од Македонија

Професионалниот и високообразовниот кадар продолжува да се иселува во странство, фрустриран од присуствотото на корупција и непотизам при вработување. Ова го изјави претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, при презентирање на анализа со препораки на Транспаренс Интернешенел за спречување на корупцијата.

Слаѓата Тасева од Транспаренс Интернешенел вели дека од мониторингот откриле дека институциите во земјава не ги спроведуваат препораките за спречување корупција и непотизам. Тасева подвлекува дека само 43% од препораките започнале делумно да се спроведуваат, додека за 53% нема иницијатива.

Според вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, неспроведувањето на препораките за борба против корупцијата е резултат на блокирањето на работата на Собранието.

Од препораките на Извештајот за „Проценка на влијанието на корупцијата врз политиките и процедурите за вработување“од Транспаренси Интернешнл, во областа на пополнување на слободни работни места преку постапката за вработување, унапредување на вработените во јавниот сектор, 74% од препораките биле делумно имплементирани додека 23% воопшто не започнале со имплементација. За препораките за стручниот и компетентниот персонал во јавната администрација, има само 25% делумна имплементација. За постапките за избор и именување директори и членови на управни и надзорни одбори, започнато е делумно спроведување на 50% од препораките, додека најмал процент на имплементација на препораките има во контролните механизми, каде само 15% имаат делумно спроведување и за 85% не е покрената постапка за спроведување.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button