ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Одговорност за случајот Онишченко по истрагата во АНБ

Ковачевски: Одговорност за случајот Онишченко по истрагата во АНБ

Премиерот Димитар Ковачевски најавува одговорност за пропустите за издавање на државјанството на прорускиот и контроверзен Украинец Онишченко. Ковачевски вели дека е изненаден и огорчен од фактот што граѓанин кој е на американската црна листа добил македонско државјанство.

Опозицијата вели дека власта мора да одговара. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вели дека додека власта ја обвинува опозицијата дека е антиевропска, СДСМ и ДУИ соработувале со проруски бизнисмен.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во последната изјава оцени дека случајот Онишченко го уништил кредибилитетот  на државата и на Агенцијата за национална безбедност и дека партнерството со САД не дозволува вакви ситуации.

Директорот на АНБ Виктор Димовски вчера во Собранието потврди дека АНБ направила пропусти при издавањето на државјанство на осомничениот украински државјанин Олександар Онишченко. Димовски изјави дека пропустот го направил еден од раководителите на секторите./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button