РЕГИОН

Крај на блокадата во северно Косово, утре меѓу 8 и 16 часот

На 12-ттиот ден од блокадата, ситуацијата е мирна на двата гранични премина во Јариње и Брњак кои ги поврзуваат Косово и Србија. И понатаму се блокирани од десетици српски граѓани кои протестираат од 20 септември. Тој ден Владата на Косово воведе мерка за реципроцитет за симнување на регистарските таблички на возилата од Србија.

Крајот на оваа блокада се очекува за утре откако двете земји постигнаа договор во Брисел, за деескалација на ситуацијата. Според договорот, косовските специјални полициски единици ќе се повлечат паралелно со отстранувањето на барикади, почнувајќи од 08 до 16 часот. Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека почнува ера кога Србија ќе треба да се навикнува на реципроцитет. Но, опозицијата во Косово го критикуваше Курти дека се согласил кон северниот дел да се однесува поинаку од остатокот на Косово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button