Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник И.Г., вработен во Полициската станица за ГП и ГН Деве Баир поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.
Пријавениот на 16.04.2022 од оштетениот А.Ѓ. побарал и примил парични средства за да не изврши службено дејствие кое морал да го изврши, односно му овозможил да ја помине границата без валиден негативен ПЦР тест, кој во тој период бил задолжителен при влез во Република Северна Македонија. Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.Read Next
May 7, 2024
Од денеска до крајот на месецов упис на првачиња
May 7, 2024
Денеска е изборен молк
May 7, 2024
(ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Влае, „Партизанска“ затворена за сообраќај
May 7, 2024
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
May 7, 2024
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
May 7, 2024
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
May 7, 2024
Денеска сончево и топло, утре дожд
May 6, 2024
Оштетени билборди и рекламни паноа на политичка партија во Тетово
May 6, 2024
ВРЕДИ, утре поднесува кривчна пријава за „бугарскиот воз“ во Липково
May 6, 2024