ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ребаланс – „парите да се употребат за раст на плати“

Ребаланс – „парите да се употребат за раст на плати“

Парите од скратените непродуктивните трошења од предлог-ребалансот во висина од 200 милиони евра, Владата може да ги намени за исполнување на барањата синдикатите. Иако на долг рок ова може да предизвика дополнителна инфлација, властите треба да си стојат на ветеното покачување на платите согласно минималната, вели професорот Абил Бауш. По зголемувањето на пензиите и платите во образованието, останатите членки од Сојузот на синдикати побараа итна средба со владините претставници за државата да им го исполни ветеното зголемување на платите на секој работник од 2.806 денари.

„Има веќе договор со СОНК којшто ќе треба да се реализира во септември одма по усвојување на ребалансот, а од друга страна ни доаѓаат колективните договори со синдикалните организации коишто Владата ќе треба да ги реализира. Дека ќе има зголемување на плати, мора да има бидејќи со самото поставување на минималната плата и од пресметување на некои плати со просечната, веќе се создава домино ефект. Ако не пресметале добро во овој ребаланс на буџет, се плашам дека во октомври пак да се прави ребаланс“, изјави Абил Бауш- Професор по економија.

Инаку, ребалансот се очекува да биде одобрен во следниве неколку недели. дополнително на него, за да се подобри кондицијата на буџетот, Владата најави задолжување со 900 милиони евра. Ова, според професорот Бауш, на долг рок негативно ќе влијае врз јавниот долг на земјава.

Со претстојниот ребаланс се очекува државата да потроши 4,7 милијарди евра. Тоа е за 260 милиони повеќе од првично планираното, кога беше донесен буџетот во декември. Буџетскиот дефицит ќе биде близу 700 милиони евра. Тој ќе се покрива со заеми од домашните банки и од меѓународните монетарни фондови. Дел од нив ќе се трошат за отплаќање на стари долгови.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button