ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривични пријави за измама, купувале плацеви, па ги продавале во ЕВН

Кривични пријави за измама, купувале плацеви, па ги продавале во ЕВН

Управата за финансиска полиција до скопското обвинителство поднесе кривични пријави против седум лица од кои двајца управители во ЕВН Електрани – Македонија. Нив Финансиската полиција ги товари дека сториле кривично дело измама во службата. Двајцата управители го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН Македонија за компанијата да купи земјоделски земјишта, а нивната намена, според Финансиската полиција, не можела да се пренамени. Компанијата ги купила земјиштата за 1,6 милиони евра, иако нивната пазарна вредност не била ниту 35.000 евра. За овој случај лани известуваше Алсат. Три лица убедиле околу 30 селани од Делчевско да им продадат плацеви, вкупно околу 150.000 квадрати. Сопствениците добиле околу 20.000 евра. Земјиштата потоа ги купила ЕВН за над 1,6 милиони евра./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button