ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќучук: Враќање на довербата и зајакнување на соработката меѓу Софија и Скопје

Република Северна Македонија претставува пример во регионот за тоа како се имплементираат европски реформи, но и како се промовираат европските вредности, што беше нотирано и во Резолуцијата за земјава од страна на Европскиот парламент. Почеток на преговорите со ЕУ ќе значи евалуација на тоа признание како силен поттик за европските перспективи на целиот регион.

Ова на Фејсбук го пишува министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата што со премиерот Зоран Заев ја имаа во Брисел со бугарскиот европратеник и известител за С Макеоднија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Ќучук, пак, на ФБ објави дека на средбата со Заев и Османи било истакнато дека поврзаноста меѓу С Македонија и Бугарија е клучот за добрососедските односи.
– Потребна ни е: Агенда заснована врз иднината; Поврзување – инфраструктура, дигитална, образовна и културна; Враќање на довербата и зајакнување на односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, наведува Ќучук.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button