РАКОМЕТСПОРТ

Лазаров, го скрати списокот за пријателскиот двомеч против Грција

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го скрати списокот на патници на пријателскиот двомеч против Грција кој ќе се одигра на гостински терен во рамки на ЕХФ-неделата.

Од списокот со 22 играчи отпаднаа четворица. Тоа се средниот бек Марко Митев, дефанизвецот Едвин Омерагиќ, најмладиот меѓу четворицата пикери, Марко Стојковиќ, како и левиот бек Емилијан Ѓорговски.

Првиот пријателски натпревар меѓу Грција и Македонија е закажан во петок од 17:30 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button