РАКОМЕТСПОРТ

Лазаров: Сакаме повторно да ја изненадиме Ла Риоха

Алкалоид во вторник со дуелот со шпанскиот тим Логроњо Ла Риоха ќе ја заокружи својата прва сезона на европската сцена во која ја претставуваше Македонија во групната фаза на ЕХФ Европската лига. Дуелот со шпанскиот тим ќе биде шестиот меч за Алкалоид сезонава. Освои еден бод, на гостински терен и тоа токму против противникот со кој во вторник одново ќе ги одмери силите.

„Успеавме да ја изненадиме Ла Риоха на гостински терен. Ќе се обидеме да го направиме тоа и пред нашата публика”, кажа тренерот Кирил Лазаров.

Натпреварот ќе се игра во вторник во салата „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 18:45 часот. Судиската двојка Јакуб Јерлецки и Мацеј Лабун доаѓа од Полска, а делегат ќе биде Владимир Јовиќ од БиХ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button