МАКЕДОНИЈА

Левица: Ќе освоиме двоцифрен број на пратеници

Партијата „Левица“ од Велес ја започна предизборната кампања за парламентарните избори на 8 мај. Лидерот на оваа партија Димитар Апасиев на средбата со граѓаните истакна дека „Левица“ на изборите ќе освои 120 илјади гласови и двоцифрен број пратеници. Апасиев рече дека на овие избори бројот на пратеници на СДСМ треба да се намали под 10 и оваа партија повеќе да не постои, а „Левица“ според него ќе успее да обезбеди 30 пратенички места во Собранието.

„Со овој резултат ќе започне вистинската битка меѓу левицата и десницата и ќе се соочиме со лавовите кои молчат пред ОВК“, рече Апасиев на предизборниот митинг во Велес. Во меѓувреме, носителот на оваа партија во третата Изборна единица, Борислав Кирмов, истакна дека тој е единствениот кандидат кој го претставува обичниот граѓанин, за разлика од контракандидатите, како што рече, од СДСМ и ВМРО, кои се одраз на лицемерие.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button