ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лицата со попреченост се жалат на недостаток на услови

Институциите во нашата земја немаат официјален број на лицата со посебни потреби. Единствени податоци се оние од Светската здравствена организација, според кои лицата со посебни потреби се 15% од вкупното население во земјата.  Сепак, истражувањето спроведено од Државниот завод за статистика во текот на 2011 година, покажува дека нивниот процент е двојно поголем.

Елена Кочоска од Движењето против попреченост, вели дека за да се добие бројот на овие граѓани, во пописот да се додаде и прашањето:  „Дали во семејството има лице со хендикеп“. Кочоска вели дека тие предлагаат, но очекувањата дека вакво нешто ќе биде прифатено се мали.

„Без точна бројка, државата не може да има целосно функционален систем кој обезбедува грижа и услови за лицата со посебни потреби и услови за активно вклучување во социјалниот живот. Приватниот сектор им нуди повеќе можности за вработување отколку државниот“, вели Кочоска.

Според неа, не сите лица со посебни потреби добиваат поддршка од државата, бидејќи условите за категоризација се многу строги. За помош на децата со посебни потреби, во буџетот за 2021 година, предвидени се 54 милиони денари за вработување на асистенти за образование од следната учебна година.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button