ВЕСТИРЕГИОН

Македонските граѓани може да патуваат со лични карти за Босна и Херцеговина

Утрово, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, а во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на Република Северна Македонија со лична карта.Бојмацалиев информираше дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button